Добредојдовте во Термалифт!
Brands

ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Почетоци

Нашите корени во техниката датираат уште пред 40 години, односно во 1965 година, кога таткото на основачот на Термалифт дд, Љубинко Дамјановски, отвори мал сервис за електротехнички апарати под име Винклер. Во 1990 година, по распадот на Југославија и либерализацијата во системот, сервисот прерасна во компанија под име Терма, која ја прошири дејноста со испорака и монтажа на патнички и товарни лифтови од Италија. Во 1996 година таа се преименува во Термалифт дд, со основач Драган Дамјановски.

Термалифт

Термалифт дд започнува со увоз на виљушкари од Јапонија, нивна репарација и продажба. Во 2002 година Термалифт дд започнува со увоз на нови вилушкари и формира сектор за резервни делови. Во 2003 година Термалифт дд основа своја ќерка-компанија под исто име во Србија со седиште во Белград, и со тоа го проширува пазарот во соседните земји.

Денес таа располага со лагер од околу 350 различни видови вилушкари подготвени за испорака

Сектори

Термалифт дд има околу 70 вработени, распоредени во секторите за менаџмент, продажба, маркетинг, сметководство, сервисирање, одржување и транспорт.

Политика за Квалитет

Термалифт има јасно дефинирана политика за квалитет, и се стремиме континуирано да ги подобруваме нашите услуги и продукти. Погледнете ја нашата политика за квалитет.

ТЕРМАЛИФТ е-БилтенX