Кариера

ТЕРМАЛИФТ ви нуди можности за професионален развој во една возбудлива средина ориентирана кон иднината. Позитивните прегледи во редовните анкети на вработените го потврдуваат тоа. Дознајте повеќе за она што нè прави привлечен работодавач.

Како брзорастечка и меѓународно ориентирана компанија, нудиме перспективи и многу можности за развој. Нашите вработени се движечката сила зад нашиот успех во индустријата за управување со материјали. Ова се однесува како за Менаџментот така и за Техничкиот персонал.

ТЕРМАЛИФТ има многу да понуди, без разлика дали во сервис, дистрибуцијата, развојот, продажбата или во нашата администрација, имаме позиции за секого.

Мисија

Да сме препознаени како прв избор на сите потрошувачи кои имаат потреба за управување со материјали и решенија за складирање на истите, нудејки иновативни производи и квалитетен сервис кој дава додатна вредност на нашите партнери.

Почитување на околината, амбиции и очекување на вработените и нашите партнери, со константна желба за напредок.

Сектори

Во „Термалифт ДД“ моментално има околу 70 вработени, кои работат во следните сектори:

менаџмент

продажба

маркетинг

финансии

сервис

одржување

транспорт

Огласи

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.


Има потреба да вработи:


MEХАНИЧАР


Задачи:

Поправка на вилушкари, подвижни платформи и сл. машини.

Детектирање на кварови / проблеми

Ремонт на мотор и менувач

Одговорен за задолжените алати и опрема.


Потребно: 

Искуство во автомеханика од минимум 2 години

Основно познавање на хидраулика

Основно незадолжително познавање на компјутерска дијагностика

Основно незадолжително познавање на компјутерска дијагностика

Возачка дозвола – Б категорија

Основно незадолжително познавање на Англиски јазик поради обуки во TOYOTA EU


Поставеност во организација:
• Директно одговара на Технички Директор


Компанијата нуди: 

Плата од 36.000 до 48.000 во зависност од покажаниот резултати.

(Платата е пониска за времетраење на обуката / тест периодот – максимум првите 2 месеци)

Платата можно е да биде и повисока од 48.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и покажаниот резултат.

Обуки и тренинзи во областа која работи.

Модерни, Високо квалитетни услови за работа.

Топол оброк

2 паузи

Платени патни трошоци (вон Куманово)

Годишни рекреативни семинари организирани од компанијата.


Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови

Вашето CV испратете го на filip.d@termalift.com.mk

Компанијата се наоѓа во КУМАНОВО



Повеќе

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба,монтажа, одржување и сервис на патнички , товарни, болничкиресторански и гаражни лифтови


Има потреба да вработи:


ОДРЖУВАЧ НА ЛИФТОВИ


Задачи:

Редовно Одржување на лифтови/платформи во Скопје и околина (Преглед, Подмачкување, Чистење, замена на дотраени делови и сл.)


Поставеност во организација:
• Директно одговара на Менаџер на сектор -одржување и сервис


Потребно: 

Искуство во одржување на лифтови и платформи од мин 2 години

Минимум ССС

Пожелно е познавење на Англиски јазик

Спремност за превземање на одговорност

Тимска работа

Потребно е Возачка дозвола – Б категорија



Компанијата нуди: 

Плата од 36.000 до 44.000 во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)

Платата можно е да биде и повисока од 44.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и посветеноста.

Обезбедено службено возило

Пробен / тренинг период од максимум 1 месец

Секој ден разновиден оброк

Обуки и тренинзи во областа која работи.

Модерни, Високо квалитетни услови за работа.

Годишни рекреативни семинари и забави со комапнијата.

Можност за напредување




Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови

Вашето CV испратете го на  dragan@termalift.com.mk 

 frosina.d@termalift.com.mk





Повеќе

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.


Има потреба да вработи:


МАШИНСКИ/ЕЛЕКТРО ИНЖИНЕР или ТЕХНИЧАР


Задачи:


Изготвување на проекти за лифтови и вадење на сертификати

Изготвуванје на спецификација за составни делови на лифтови

Изготвување и пратење на понуди за лифтови

Посета на објекти во изградба и земање податоци од возни окна

Контрола на задачите и процесите во динамиката за испорака и монтажа

Комуникација и соработување со добавувачите



Поставеност во организација:
• Директно одговара на Менаџерот за лифтови


Знаења (може и основни) за :
• Лифтови и товарни платформи со нивни компоненти (Механика, Хидраулика, Електрика и сл.)
• Менаџирање и контролирање во процесот на проектирање ,набавка и монтажа на лифтови


Вештини:

Англиски јазиk

Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook)

Auto CAD


Потребно:
• Искуство во областа на лифтови од минимум 3 години и важи само за техничари со ссс

• Moжност за вработување и без искуство (важи само за инжинери всс) , но платата ке биде намалена се додека комлетно не се обучи вработениот
• Високо развиени oрганизациони, комуникациски и лидерски способности
• Спремност за превземање на одговорност
• Пожелно работно искуство во менаџирање во слични идустриски гранки или
• Возачка дозвола – Б категорија


Компанијата нуди

Плата од 35.000 до 45.000 ден. во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)

Платата можно е да биде и повисока од 45.000 во зависност од иновативноста, заинтересираноста и посветеноста.

Неопределено вработување со почетен пробен период.

Обуки и тренинзи во областа која работи.

Модерни, Високо квалитетни услови за работа.

Платени патни трошкови.

Годишни рекреативни семинари со комапнијата.





Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации

СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ


Напомена:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!

Компанијата се наоѓа во Куманово

Дневно работно време е претпладне, од 08.30 до 16.30 часот, од понеделник до петок и и секоја втора сабота од 8 30 до 15:00


ТЕРМАЛИФТ Куманово е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.



Вашето CV испратете го на dragan@termalift.com.mk frosina.d@termalift.com.mk 






Повеќе

Аплицирај

Работна позиција *
Прикачете CV
Лични информации

Образование

Работно искуство
Останати квалификации и способности
Социјални вештини

ПРОЦЕС НА РЕПАРАЦИЈА

ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ

Прием Контрола
Репарација Контрола
Лимарија и фарбање Контрола
Изложбен салон Контрола
Испорака

БРЕНДОВИ

Toyota
Mitsubishi
Komatsu
Nissan
TCM
Linde
Caterpillar
BT
Shinko
Sumitomo-Yale
Baumann
Genie
JLG
Skyjack
HAKO
UniCarriers Nissan