Конвенционално регално решение

Нај универзалниот систем за директен и едноставен пристап до секоја палета.

Оптимално решение за магацини со палетизирана роба на различни висини.

Просторот помеѓу регалите и нивната висина зависат од карактеристиките на вилушкарот, палетните димензии и висината на магацинот.

Предности

  • Комплетна контрола на секоја палета и брз пристап до неа
  • Максимална адаптибилност за било кој вид на палета во однос на нејзината тежина и волумен
  • Може да се адаптира и за пикирање на роба
  • 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА!

Вилушкари наменети за ваков тип сталажи

  • Стакер - до 6.000 mm / потребен простор помеѓу регали: 2462 mm
  • Регален вилушкар - до 13.000 mm / потребен простор помеѓу регали: 2836 mm
  • Контратег вилушкари - до 7.500 mm / потребен простор помеѓу регали: 3440 mm
  • VNA - до 16.800 mm / потребен простор помеѓу регали: 1660 mm


Тунелско редење на палети

Овој систем е базиран на принцип на акумулација, при што дозволува максимална искористеност на слободен простор наменет за регали.

Тунелски регали се дизајнирани за складирање на хомогени продукти / палети.

Предности

  • Максимална профитабилност на просторот наменет за регали (до 85%)
  • Намалување на бројот на коридори помеѓу регалите
  • Контрола на влез и излез во регалите
  • Можност за FILO и FIFO системи
  • 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА!

Овој систем се користи често во ладни магацини (ладилници) кои бараат максимално искористување на просторот наменет за продукти со контролирана температура.

Вилушкари наменети за ваков тип регали:

Тунелски варијанти на

  • Стакери - максимална висина на кревање 6.000 mm
  • Регални вилушкари - максимална висина на кревање 13.000 mm
  • Контратег вилушкари - максимална висина на кревање 7.500 mm

Дополнително, за да бидете потполно сигурни и да ја одржите безбедноста во магацинот,
ви нудиме и решенија за заштита на магацинот >
BOPLAN заштитници за магацински и производствени простори.

Доколку сакате професионална и брза понуда и инсталација побарајте нé на бројот: 075 362 923 или преку еmail filip.d@termalift.com.mk