Од декември 2014 Термалифт стана регионален увозник и партнер на најголемиот производител на виљушкари во светот – Toyota. Оваа соработка е доказ за квалитетот на Термалифт, како и мотив за уште поголема посветеност на резултати во иднина.

Соработката со Toyota не само што го проширува веќе широкиот асортиман на Термалифт, туку и отвара нови можности за раст на компанијата која веќе 19 години успешно работи на пазарот.